I Лига натпревар во прецизно слетување (5-6 Maj 2007 година,
Штип) |
Клубот за лесни летала "Делта Клуб" од
Прилеп зеде учество на I Лига натпревар во дисциплината прецизно слетување
со параглајдер што се одржа на 5 и 6 Мај во Штип. Иако настапи само со три
пилоти (Златко Спиркоски, Киро Гиноски и Сашо Спиркоски) во екипна
конкуренција го освои првото место, а во поединачна Киро Гиноски беше
третопласиран. |
|
II Лига натпревар во прецизно слетување со параглајдер (29 и 30
Септември 2007 година, Крушево); Организатор: Клуб за лесни летала "Делта
Клуб" од Прилеп |
Организатор на II Лига натпревар во
прецизно слетување со параглајдер беше Клубот за лесни летала "Делта Клуб"
од Прилеп, а се одржа во Крушево. Учество во овој лига натпревар од нашиот
клуб зедоа Киро Гиноски кој беше второпласиран и Златко Спиркоски кој го
освои третото место. |
|
III Лига натпревар во прецизно слетување со параглајдер (6 и 7 Октомври 2007 година, Крушево); Организатор: Клуб за лесни летала "Делта Клуб" од Прилеп |
III Лига натпревар во прецизно
слетување со параглајдер се одржа во иста организација во Крушево како и
претходниот. Клубот за лесни летала "Делта Клуб" настапи со три пилоти:
Златко Спиркоски кој го освои првото место, Киро Гиноски беше
петтопласиран и Сашо Спиркоски кој заврши на седмото место.
|
|
II Отворено Државно првенство на Македоноја во прецизно слетување
со параглајдер (27 и 28 Октомври 2007 година, Струга); |
Организатор на II Отворено Државно
првенство на Македонија во дисциплината прецизно слетување со параглајдер
беше ПК "Стрижак" од Струга. Клубот за лесни летала "Делта Клуб" од Прилеп
настапи со два пилоти (Златко Спиркоски и Киро Гиноски) и постигнаа
забележителни резултати. Киро Гиноски го освои второ место, а истиот
резултат го остварија и во екипна конкуренција.
Резултати: Вкупен пласман |
|